Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за време на мечот Еквадор – Курасао: Едно лице загина, шестмина се повредени
Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за време на натпреварот меѓу Еквадор и Курасао на Светското првенство 2026, откако двајца 16-годишни платени убијци отворија оган кон група граѓани кои мечот го следеле на голем екран поставен на улица.
Според локалните власти, во нападот едно лице го загубило животот, додека шестмина биле повредени.
Инцидентот се случил околу 20 часот по локално време во центарот на градот Ибара, главен град на покраината Имбабура, северно од Кито.
Според полицискиот потполковник Исмаел Варас, напаѓачите упаднале меѓу насобраните граѓани и почнале да пукаат со пиштол со намера да ликвидираат едно од присутните лица.
Жртвата е 16-годишна девојка, додека меѓу повредените има маж кој се наоѓа во тешка состојба со прострелна рана во пределот на стомакот. Во критична состојба е и советничката Мери Конго, која се здобила со прострелна рана во главата.
Меѓу повредените се наоѓа и 47-годишен државјанин на Колумбија, кој има повреди на лицето и градниот кош, но неговата состојба засега е стабилна.
https://www.facebook.com/v20.0/plugins/video.php?allowfullscreen=true&app_id=463387784034351&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df7bc0d58fff7e9d94%26domain%3Dkurir.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fkurir.mk%252Ff699a18a5d4cc4ede%26relation%3Dparent.parent&container_width=690&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F992034633635825&locale=en_GB&sdk=joey&width=690
По нападот, двајцата напаѓачи се обиделе да побегнат. Полицијата успеала да го уапси стрелецот само два блока подалеку од местото на злосторството, додека неговиот соучесник сè уште е во бегство. Сепак, властите соопштија дека неговиот идентитет е целосно утврден и дека по него активно се трага.
Полицискиот портпарол откри дека и двајцата напаѓачи имаат само 16 години, што уште еднаш го потврдува загрижувачкиот тренд криминалните банди во Еквадор да регрутираат малолетници за извршување на ликвидации и други тешки кривични дела, бидејќи за нив се предвидени поблаги казни.
Сличен случај беше регистриран и оваа недела во Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, каде што двајца малолетни платени убијци на возраст од 15 и 16 години ликвидираа криминален бос во рамките на градскиот аеродром, при што беа ранети најмалку три лица.
Трагедијата во Ибара ја засени фудбалската атмосфера околу натпреварот Еквадор – Курасао и повторно го отвори прашањето за растечкото насилство и организираниот криминал во јужноамериканската држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…
Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…
Трагедија во САД: Семејството Дончеви од Масачусетс…
Тргнале на семејна прослава и отидоа во…
Трагедија во Пинтија: Жена загина по пожар…
Жена почина откако пожар избувнал во куќа…
(Видео) Трагедија во Кина, повеќе од 80…
Експлозија на гас во рудник за јаглен…
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син…
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син…