Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно момче?
Тело на младо лице било пронајдено во близина на селото Пишица, а според неофицијални информации станува збор за момче на возраст од околу 17 години од селото Соколарци.
Како што објави Радио Кочани, телото било пронајдено во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Пишица. По пронаоѓањето, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.
Засега информацијата не е официјално потврдена од надлежните институции, а нема ниту официјални податоци за идентитетот на починатото лице.
Не се познати ниту околностите под кои настапила смртта, како и точната причина и времето на смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…