Два авиона за малку ќе се судреа во Австралија – „Контролорите биле уморни“

t

Пет од десетте контролори на летање кои биле на должност на 27 јули, кога два авиона на „Квантас“ за малку ќе се судреа на аеродромот во Сиднеј, биле оценети како високоризични поради замор, објави Ројтерс.

Во инцидентот, авион на „Квантас“ што слетувал за малку ќе удрел во „Боинг 737“ на истата компанија, кој претходно добил дозвола да ја премине пистата. Тоа бил првиот од шесте случаи на опасна близина меѓу авиони на аеродромот во Сиднеј во период од околу еден месец, што дополнително го сврте вниманието кон состојбата во контролата на летање и недостигот на персонал.

Од десетте контролори на должност, пет биле изложени на висок ризик од замор, еден на среден, а еден на низок ризик, додека преостанатите тројца не биле оценети како ризични. Од тројцата контролори директно вклучени во инцидентот, двајца биле изложени на висок, а еден на среден ризик од замор.

„Утрово имаме пет лица со висок ризик од замор. Тоа е малку лудо“, му рекол раководителот на смената на директорот за контрола на летање по инцидентот, според снимката што ја прегледа Ројтерс.

Австралиското биро за безбедност во транспортот (ATSB) ги истражува сите шест случаи на опасна близина за да утврди дали постојат заеднички безбедносни проблеми или фактори што придонеле за инцидентите.

Системот за управување со заморот не утврдува дали контролорите навистина се уморни, туку го проценува ризикот од замор врз основа на фактори како што се обемот на работа и распоредот. Во зависност од проценката, на контролорите може да им се доделат подолги паузи, да им се ограничи обемот на сообраќај што го контролираат или порано да ја завршат смената.

Синдикатот на контролорите предупреди дека недостигот на персонал доведува до повеќе прекувремена работа, помалку слободни денови и поголем притисок врз контролорите. Според „Airservices Australia“, во Сиднеј е забележан невообичаено голем број краткорочни отсуства во периодот од шест недели заклучно со 28 август, што значително го отежнува пополнувањето на сите оперативни смени.

Двајца австралиски инспектори изјавија за „Ројтерс“ дека на вработените редовно им се дозволува да работат дури и кога се означени како високоризични поради замор, како и дека, поради големата флуктуација на кадар и недостигот на персонал, понекогаш не е можно ефективно да се спроведат мерките за намалување на ризикот.

Според колективниот договор, австралиските контролори можат да работат до десет последователни смени, вклучувајќи дополнителни и итни смени, со ограничување од 80 часа во текот на еден континуиран работен период. Тројца австралиски контролори и нивниот синдикат изјавија за „Ројтерс“ дека не е невообичаено контролорите да работат десет дена по ред пред да добијат слободен ден.

Недостигот на контролори и прекувремената работа се проблеми присутни и во други земји.

Во САД, трошоците за прекувремена работа на контролорите на летање се зголемија за повеќе од 300 проценти во периодот меѓу 2013 и 2024 година, достигнувајќи 200 милиони долари минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…

САД, Британија и Австралија развиваат подводни дронови…

Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија…

САД, Велика Британија и Австралија развиваат беспилотни…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…