Две лица барани од Интерпол за убиство и повреда во Македонија, уапсени во Албанија
Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната операција со кодно име „Бес“, за време на која во Драч беа уапсени двајца државјани барани од властите на Македонија за тешки кривични дела, објави ТВ21. Според соопштението на државната полиција, уапсените се М.Џ., 26 години, роден во Скопје, и С.Н., 34 години, роден во Норвешка.
„За овие граѓани, ИНТЕРПОЛ издаде меѓународни потерници за: убиство, повреда, нелегално поседување оружје и извршување кривични дела во рамките на криминална организација, во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на албанската полиција.
Според албанските власти, при претресот на уапсените лица биле пронајдени сомнителни фалсификувани документи за идентификација.
„Постои сомневање дека документите се користеле за патување надвор од Република Северна Македонија, со цел избегнување на правосудниот систем во оваа земја“, соопшти полицијата.
Во рамките на операцијата, уапсен е и македонскиот државјанин, Џ. Р., 26 години , за кој постои сомнение дека им дал лажни документи на двете барани лица.
„Џ. Р. е уапсен за кривични дела „Поддржување на сторител на кривично дело“ и „Фалсификување исправа“, бидејќи е осомничен дека им обезбедил на бараните граѓани сомнителни фалсификувани лични документи“, се вели во соопштението.
Полицијата соопштува дека при претресот на станот на Џ. Р. е пронајдена и запленета мала количина од сомнителната наркотична супстанца.
„Како резултат на тесна и интензивна соработка меѓу специјализираните структури на државната полиција и меѓународните партнери, преку заеднички истражни тимови и координирани оперативни акции, операцијата со кодно име „Бес“ беше финализирана“, се наведува во официјалното соопштение.
Операцијата ја спроведе Дирекцијата за специјални операции при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со службите на Локалната полициска управа во Драч, колегите во Македонија и партнерите на Службата за дипломатска безбедност (ДСБ) во амбасадите на Соединетите Американски Држави во Тирана и во Скопјe.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица барани од Интерпол за убиство…
Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната…
Генералниот секретар на Интерпол пристигна во Охрид
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска…
Уапсен тетовец баран од Интерпол
Полицијата во Тетово вчера уапси 49-годишен тетовец…
Во Тирана уапсен македонски државјанин баран со…
Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски…
На ГП Богородица уапсено лице барано од…
На 11.10.2025 во 07:00 часот на Граничен…