Двојна егзекуција во Флорида, прва по повеќе од 60 години
Во сојузниот затвор во Старк, Флорида во еден ден беа извршени две смртни казни, што претставува прва двојна егзекуција во оваа американска држава по 1964 година. Меѓу погубените е и 80-годишниот Доминик Окиконе, кој стана најстариот погубен осуденик во Флорида од повторното воведување на смртната казна во 1976 година. Втората егзекуција беше извршена врз 68-годишниот Џејмс Дакет.
Првата смртна казна беше извршена попладнево врз Џејмс Дакет, осуден за убиството на 11-годишната Тереза Мекбафи од 1987 година. Извршувањето на неговата казна претходно беше привремено одложено во март од страна на Врховниот суд на Флорида со цел да се разгледаат нови ДНК докази кои одбраната ги посочуваше како потврда за неговата невиност. Откако барањето беше одбиено, гувернерот Рон Десантис го одреди новиот датум за егзекуција.
Шест часа подоцна беше погубен и Доминик Окиконе, кој имаше две смртни казни за убиството на родителите на неговата поранешна партнерка во 1986 година. Правните застапници на Окиконе до последен момент поднесуваа жалби за запирање на процесот, повикувајќи се на неговата возраст и оспорувајќи го методот на смртоносна инјекција.
За двата случаи заеднички детаљ е што препораките за смртна казна од страна на поротата не беа донесени со едногласна одлука. Во случајот на Окиконе, поротата се изјаснила со седум гласа „за“ и пет „против“. Овој сооднос денес не би бил доволен според актуелните правила во Флорида.
Во 2023 година, законодавниот дом на Флорида го изгласа најнискиот праг за смртна казна во САД, со кој е потребно мнозинство од осум од вкупно 12 поротници за препорака на смртна казна. Единствена друга сојузна држава со сличен закон е Алабама, каде што се потребни најмалку 10 гласови.
Со извршувањето на овие две казни, вкупниот број на погубувања во Флорида од почетокот на годината достигна 12, а за средината на следниот месец е закажана уште една егзекуција. Изминатата година во оваа сојузна држава беа извршени 19 смртни казни, што претставуваше речиси половина од сите погубувања во САД.
Организациите за човекови права и противниците на смртната казна одржаа протести пред локалните судови и испратија апели до државните власти. Тие предупредуваат дека забрзаниот ритам на извршување ги зголемува ризиците од правни грешки, притоа укажувајќи и на составот на смртоносната инјекција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојна егзекуција во Флорида, прва по повеќе…
Во сојузниот затвор во Старк, Флорида во…
Арбен Фетаи именуван за специјален пратеник за…
Владата на Република Македонија го именува Арбен…
Пронајдени човечки останки во Косово кој може…
Нова трага за 23 исчезнати интелектуалци се…
Владата на Србија го преживеа гласањето за…
Собранието на Србија ја заврши вонредната седница…
Во пожар на куќа кај Скадар животот…
Трагичен настан се случи попладнево во селото…