Девет активни пожари на отворено во Македонија
До 13 часот денеска во државава се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, активни пожари има во општините Ресен, Сарај, Зелениково, Чашка, Боговиње, Врапчиште, Ново Село, Струга и Кривогаштани.
Во Општина Ресен пожарот е регистриран кај селото Подмочани на местото викано Макази, каде гори борова шума и ниска вегетација. Активен е и пожарот на потегот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Пожар има и над селото Палиград во Општина Зелениково, каде гори мешана шума.
Активни пожари се евидентирани и над селото Нежилово во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, кај селото Градец во Општина Врапчиште, меѓу селата Барбарево и Стиник во Општина Ново Село, кај селото Долна Белица во Општина Струга и кај селото Ловени во Општина Кривогаштани.
Под контрола се ставени три пожари. Едниот е на подрачјето меѓу Општините Гостивар и Македонски Брод, во атарот на селото Трново и кон селата Битово, Заград и Страјане. Под контрола е и пожарот кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, како и пожарот на градската депонија Острец во Општина Делчево.
Изгаснат е пожарот кај клучката Арачиново – Илинден во Општина Гази Баба, каде горело ѓубре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет активни пожари на отворено во Македонија
До 13 часот денеска во државава се…
ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…
Во текот на денешниот ден до 18…
Огнена ноќ низ Македонија: 31 пожар за…
Во периодот од 28 до 29 август,…
Осум активни пожари — гори кај дивата…
Осум пожари на отворен простор сè уште…
Ангелов: Два големи пожари денес, гори Жеден,…
Пожарите на отворен простор на територијата на…