Осум активни пожари — гори кај дивата депонија над касарната во Прилеп и кај старите гробишта

t

Осум пожари на отворен простор сè уште се активни низ државава, а три се ставени под контрола, од вкупно 20 регистрирани до 18 часот, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Во Сарај, кај селото Копаница, гори ниска вегетација, додека во Трново во Гостиварско и кај селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод огнот зафатил нискостеблеста шума, пасишта, папрат и друга ниска вегетација.

Активни пожари има и над Нежилово во Чашка, кај месноста Сватови, каде гори ниска вегетација и поединечни дрвја, како и во Копанце во Општина Јегуновце, каде е зафатена мешана шума.

Во Прилеп гори кај дивата депонија над касарната и кај старите гробишта, а пожари се регистрирани и кај охридските села Велмеј и Брежани, како и во прилепското село Црнилиште.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Црквенец, како и огнот на потегот Моране–Вртекица–Рамни Габер во Општина Студеничани, со крак кон Палиград и кон селата Вражале и Тисовица во Општина Зелениково.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…

Од вкупно 11 пожари на отворен простор…

Нема активни пожари во Македонија

До 13 часот денеска регистриран е еден…

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…