Демографската криза во Македонија се продлабочува, во Тетово и Гостивар стотици раѓања помалку отколку во 2021 година

t

Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно во општина Зрновце. Откако и првиот и вториот квартал од годинава донесоа нов демографски “шамар“, со пад на бројот на живородени деца и негативен природен прираст на државата, извесно е дека и на крајот од оваа 2026 та ќе се соочиме со поразителна демографска состојба, пишува Порталб. Тетово и Куманово го изгубија “водството“ на општини со по над 1 000 живородени деца.

Се намалува бројот на живородени, во најголем дел од општините повеќе починати од родени

“Порталб“ направи детален увид на демографските податоци во базата на Државниот завод за статистика – какви се компаративните бројките за природниот прираст и за живородени? На крајот на второто полугодие најголем дел од општините се со негативен природен прираст, што значи повеќе починати од родени.

Во Скопје природниот прираст изнесува -36 а најдлабок природен прираст има во Битола – 118, Аеродром -62, Куманово и Прилеп -59, Гостивар и Кочани -58, Велес -57 и Охрид -51.

Природен прираст ( втор квартал 2026)

Скопје -36

Битола -118

Аеродром -62

Куманово -59

Прилеп -59

Гостивар -58

Кочани -58

Велес -57

Охрид -51

Извор ДЗР

Во општините со поголем број на жители состојбата е различна. Во Тетово во првиот квартал било во “негативна зона“ со природен прираст од –18 додека на крајот на јуни во ова општина имало 44 повеќе родени од починати. Слична е состојбата и во Струга, каде до март природниот прираст бил – 37 а на крајот на јуни преминува во 20. Во Куманово и во првиот и во вториот квартал има повеќе починати од родени, заклучно со март – 81 а на крајот од јуни -59. Во Кичево се одржува негативниот тренд на природен прираст од -80 на крајот на март и -26 на крајот на јуни. И состојбата во Гостивар е со негативен предзнак, -50 односно -58 на крајот на второто тромесечје. Арачиново е во зоната на позитивен природен прираст со 32 односно 33 повеќе родени од починати. И во Чаир позитивен тренд со природен прираст од 12 во првиот квартал со значајно зголемување на 92 во второто тромесечје . Иако бројките на ниво на тромесечје варираат, сумираните статистики на крајот од годината се поразителни.

Деталните податоци од ДЗС покажуваат дека во 2025 та година за прв пат во државата бројот на живородени се спушти под 16 000. Скоро сите општини се соочуваат со пад на бројот на живородени деца во период од пет години. Тетово и Куманово ја изгубија предноста на единствени општини каде има по над 1.000 живородени деца.

Во општина Тетово во 2021 та имало 1.025 живородени и оваа бројка во годините потоа се намалува до 822 во 2025. И во Куманово повеќе не се раѓаат над 1 000 деца – во 2025 бројката се намали на 829. Пред пет години во Струга имало 543 а лани 474 живородени деца. Во скопски Чаир во Арачиново, во анализираниот период, бројките не се значајно променети.

Живородени деца

2021 година 2025 година

Тетово 1 025 822

Куманово 1 011 829

Чаир 873 833

Сарај 618 575

Гостивар 583 440

Струга 543 474

Кичево 368 277

Арачиново 254 240

Дебар 169 148

Извор : ДЗС

Податоците за состојбата на крајот на јуни навестуваат дека на повидок е уште една година во која ќе имаме демографски пораз.

„Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3.684 и е намален за 3 %. Природниот прираст е негативен и изнесува -1.005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица“, наведуваат од Заводот за статистика.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма најави пакет мерки за борба со демографската криза заедно со Национална стратегија за демографија. По повеќе од две години на власт, овој документ сѐ уште не е донесен.

„Нашата определба е јасна, наместо политика на страв, градиме политика на отпорност. Наместо краткорочни мерки, создаваме долгорочна стратегија. Наместо декларативни заложби, поставуваме системски решенија. Токму затоа ја подготвивме новата Стратегија за демографска отпорност 2026–2046. Не како формален документ што ќе остане на хартија, туку како национална рамка за иднината на државата“, изјави премиерот на почетокот на мај, годинава.

Во меѓувреме дел од пратениците најавија иницијативи за законски измени за подобрување на финансиската состојба на мајките и на семејствата со деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демографската криза во Македонија се продлабочува, во…

Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно…

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН

По повеќемесечната војна и серијата напади низ…

„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…

Нов Зеланд испрати два воени брода низ…

Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…