„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител на Центар – денеска и утре вонредна дератизација во општината

t

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови на социјалните мрежи постојано се споделуваат видеа каде што се гледаат глодари како шетаат по улиците низ повеќе населби.

Жителите сметаат дека ова е сериозен проблем и ги повикуваат надлежните за побрзо решавање.

„Јас лично не сум забележала, ама знам дека има. Тоа е непријатна загрижувачка работа. Сметам дека треба поголема дезинфекција во подрумите“

„Не знам да не ги носат од негде во пакети? Јас лично утепав седум стаорци….

„Јас не знам кога ќе се руши ова, ама дури после тоа мислам дека ќе се расчисти“

Од Општина Центар велат дека денеска извршиле дератизација.

„Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.

Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните“, велат од општината

Од Град Скопје пак ги повикаа сите општини да извршат дератизација на своите територии.

„Согласно законот на Град Скопје, членот 15 кој што ги одредува надлежностите на општините во градот е посочено дека дератизација и дезинфекција е надлежност на општините, а со тоа и вршењето на активностите за спречување на појавата на глодари“

Телма контактираше со неколку општини кои ни кажаа дека дератизација вршат два пати годишно. Пролетната веќе ја направила, а за недела две ќе се изврши и есенската.

Дотогаш ги повикуваат сите граѓани да не фрлаат отпад на несоодветни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами ги викна оџата и владиката, ќе…

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…

Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…

Муцунски во работна посета на Литванија и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…