Денес се празнува Светиот пророк Софониј

t

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет.

Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна:

„Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…

МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…

Поворката со посмртните останки на загинатите од…

Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие…

Свети великомаченик Георгиј На овој ден се…

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…