Ден на жалост во Бугарија по тешката верижна сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември за ден на жалост по тешката верижна сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“, во која загинаа 11 лица, а десетици беа повредени.
Во знак на почит кон загинатите, знамињата на државните институции ќе бидат спуштени на половина копје.
Според информациите на бугарската агенција БГНЕС, две тешки верижни сообраќајни несреќи се случиле вчера, нешто пред седум часот наутро, во услови на густа магла, во близина на патниот јазол „Зимница“.
Вкупно 51 лице било пренесено во болниците во Сливен, Јамбол и Бургас. Најголем број повредени се згрижени во Сливен – 33, во Јамбол се пренесени 11, а во Бургас седум лица. Тринаесетмина се здобиле со тешки повреди.
Веднаш по пријавата била активирана спасувачката операција „Спаси“.
Според првичните информации, првиот судир се случил на коловозната лента во правец кон Бургас, откако камион го попречил патот на автобус во кој се превезувала група патници. Потоа, зад автобусот следувал судир со товарно возило кое превезувало жито, а во задниот дел од камионот удрил и автомобил.
За втората несреќа, на коловозната лента во правец кон Софија, се претпоставува дека придонело невниманието на возачите, кои го тргнале погледот од патот откако ја забележале тешката верижна несреќа на спротивната страна.
Бугарија денеска им оддава почит на жртвите на трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…