Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со над 50 возила на автопатот „Тракија“ во Бугарија

t

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се повредени во верижни сообраќајни несреќи со над 50 патнички и товарни возила на автопатот „Тракија“, во близина на бугарскиот град Јамбол, јавува NOVA. Автопатот е затворен во двата правца, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до луѓето заглавени во возилата.

Несреќите се случиле во вторникот наутро, меѓу клучките „Зимница“ и „Кабиле“, во услови на густа магла и значително намалена видливост.Според главниот инспектор Тодор Мишинев од полицијата во Јамбол, меѓу возилата што се судриле има и цистерни.

„Има заглавени луѓе во автомобилите. Во моментов приоритет се спасувачките активности. Откако ќе завршат, ќе бидат спроведени и истражните дејства“, изјави Мишинев.

Седум повредени се пренесени во болницата во Јамбол. Заменик-директорот Валентин Валчев соопшти дека пациентите се во тешка состојба, со повеќекратни повреди, и се згрижени во шок-собата.

Мобилизирани се сите расположливи екипи за реанимација, хирургија и трауматологија. Бидејќи болницата нема оддел за неврохирургија, пациентите на кои им е потребна таква помош ќе бидат пренесени во други здравствени установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…