ДЖИС: Немаше загадување од големите индустриски капацитети во Лепенец

t

Државниот инспекторат за животна средина (ДЖИС) вели дека кај нив во архива не е стигнато барање за слободен пристап до информации од „Зелен хуман град“ за загадувањето на Лепенец, што се случи летово. Ивана Гиновска, директорка на ДИЖС, за „Локално“ изјави дека кај нив не е стигнато барање за слободен пристап до информации за загадувањето и дека ако имало такво нешто, ќе одговореле. Таа објаснува дека резултатите од мострите земени од Лепенец, што ги направила приватна лабораторија не покажале загадување од инсталации кои се во надлежност на Државниот инспекторат, односно индустриски капацитети со А интегрирана дозвола, за кои е надлежен ДЖИС.

-Направена и редовна контрола на пречистителна станица и таму не беше утврдено загадување, кое беше забележано  на вливот на каскадите, белата пена ја немаше на друго место во реката. Ги проверивме сите шест фирми кои се во наша надлежност и загадувањето не е од кај нив, бидејќи ние проверуваме дали се испуштении поголеми количини хемикалии од индустријата. Беше забележано присуство на детергенти, но не во количини кои би отстапувале од вредностите за квалитетот на површиски води, рече Гиновска.

Екоактивистите од „ЗХГ“ пред неколку дена објавија дека ќе се жалат до Агенцијата за пристап до информации дека не добиле одговор на бараните информации кои ги побарале од ДЖИС и од Град Скопје за загадувањето на Лепенец. Тие напишаа дека по 21 ден од пратеното барање за слободен пристап до информации во кое ги бараат резултатите од испитувањето на мострите на водата и кој е загадувачот, ниту една од надлежните институции не одговорила.

-Иако законскиот рок е 21 работни дена, досега единствениот одговор кој сме го добиле е противзконски молк. ДИЖС ги прашавме дали акредитиранта лабораторија го доставила до вас извештајот од земените мостри и дали истиот го имате некаде јавно објавено, доколку не, ве замолуваме да ни го испратите – Молк, порачаа од „ЗХГ“.

Белата пена била забележана попладнето на 24 јули на подрачјето на Карпош, во близина на местото каде што Лепенец се влева во Вардар. Пријавата во системот за итни случаи 112 била регистрирана околу 14:30 часот, по што биле известени градските инспектори и Државниот инспекторат за животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЖИС: Немаше загадување од големите индустриски капацитети…

Државниот инспекторат за животна средина (ДЖИС) вели…

Таксист сведочи за ужасната несреќа: Од Лепенец…

По цел ден потрага, црното БМВ беше…

Определен притвор за едно лице учесник во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Три тела пронајдени во возилото извлечено од…

Телата на тројцата исчезнати во водите на…

Пронајден автомобил во Лепенец, не се знае…

Спасувачките тимови кои работат на пронаоѓање на…