Три тела пронајдени во возилото извлечено од водите на Лепенец
Телата на тројцата исчезнати во водите на Лепенец се најдени во возилото БМВ, кое попладнево беше извлечено од реката.
Според информации од истрагата за Канал 5, трите лица по кои од синоќа трагаат нуркачите специјалци од МВР во водите на реката Лепенец, биле членови на исто семејство.
По сообраќајката кај Блаце, во која БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, БМВ-то пропаднало во Лепенец, а во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 годинини. Постариот син на 21- годишна возраст се спасил и е пренесен во болницата „8 Септември“ , додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдениот Лепенец.
Неофицијални станува збор за три члена од семејството Пацоли од Косово.
На местото од каде што е извлечено возилото треба да пристигне обвинител за да изврши увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Властите во Техеран велат дека „сѐ е…
Бројот на жртви продолжува да расте во…
Две лица од Скопје се пронајдени мртви…
Двајца мажи на возраст од 30 години,…
Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во…
Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица…
Бројката на жртви од уривањето на покрив…
Владата на Доминиканската Република објави дека бројката…
(Видео) НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ ВО НАПАД НА…
Израелската војска утринава ја презеде одговорноста за…