Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат
Цените на горивата продолжуваат драматично да растат како последица на конфликтот на Блискиот Исток, а американскиот дизел достигна ниво кое досега никогаш не било забележано.
Според податоците на GasBuddy цитирани од Reuters, просечната цена на дизелот во САД во четвртокот за првпат во историјата ја надмина границата од шест долари за галон.
Истовремено, суровата нафта останува над психолошката граница од 100 долари.
Brent во петокот претпладне се тргуваше околу 105,98 долари за барел, додека американската WTI беше околу 101,12 долари. И покрај денешното повлекување на цените, двата нафтени стандарди се повеќе од 10 проценти поскапи во однос на почетокот на неделата.
Причината е истовремено нарушување на неколку клучни точки во глобалниот енергетски систем.
Иран во средата соопшти дека нападнал десет бродови во близина на Ормус, откако САД претходно погодиле пет ирански нафтени танкери. Само седум бродови поминале низ Ормус во четвртокот, наспроти просек од 15 во претходните десет дена. Пред војната низ теснецот минуваше околу една петтина од светските дневни количества нафта и течен природен гас.
Истовремено, Хутите ја презедоа контролата врз јеменското пристаниште Мока, создавајќи дополнителен ризик за сообраќајот низ Црвеното Море.
На другата страна од светскиот енергетски пазар, украинските напади врз руските рафинерии дополнително го намалуваат количеството преработени нафтени производи.
Токму затоа дизелот поскапува уште поагресивно од самата сурова нафта. Аналитичарите предупредуваат дека комбинацијата од ограничениот транспорт низ Заливот и проблемите во руските рафинерии создава особено силен притисок врз дизелот и останатите деривати.
Последиците може да бидат многу пошироки од бензинските пумпи.
Дизелот е основно гориво за камионскиот транспорт, земјоделството, градежништвото и голем дел од индустријата. Кога неговата цена нагло расте, растат транспортните и производствените трошоци, кои потоа можат да се пренесат врз цените на храната и останатите производи.
IEA дополнително предупредува дека светските резерви во август се намалувале со темпо од 3,1 милиони барели дневно, што значи дека заштитниот простор на глобалниот пазар постепено се намалува.
Затоа историскиот рекорд на американскиот дизел не е само американски проблем. Доколку нафтата остане над 100 долари подолг период, светот може повторно да се соочи со комбинацијата што најмногу ги загрижува централните банки – скапа енергија, повисока инфлација и високи каматни стапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дизелот во САД постави историски рекорд –…
Дизелот во САД постави историски рекорд –…
Четири активни пожари низ Македонија, под контрола…
На ден 11.09.2026 година, до 13:00 часот,…
Ѓорѓиевски: Започна изградбата на нов парк од…
Нов парк со површина од 71.000 квадратни…
Џабе затвораме, кога има судии кои ги…
Големо разочарување, и за мене, и за…
Се зголемува монашкото братство во Бигорскиот манастир…
Биргоскиот манастир Свети Јован Крстител на својата…