„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди од Бугарија за Македонија
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател на ВМРО-БНД, продолжи таму кадешто застана неговиот сопартиец и поранешен европратеник Ангел Џамбаски во тешките навреди упатени на македонска адреса по одлуката на Основниот суд во Охрид за случајот „Пендиков“.
„Концентрационен логор“ и „деспотска држава од азиски тип“ се дел од вокабуларот на „изданокот“ на партијата на бившиот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, употребен во објавата на Фејсбук во која блуе недолични изрази и описи за соседната држава.
„Истата оваа држава конц-логор преговара со ЕУ, известува за напредок, внимавајте. А во Северна Македонија не се почитуваат основните, фундаментални правила на европскиот правен систем. Какви преговори!“, пишува Контрера.
„Оваа деспотска држава од азиски тип мора да биде ставена во целосна изолација, парите од ЕУ да се запрат до последен цент и да се наметне 100% гранична контрола на нејзините граници – на сите лица без европски пасоши и на сите камиони што извезуваат производи. Со добро не бидува. Заборавете на секаква законитост, владеење на правото и нормални стандарди. Види, ако им ги запреме парите од фондовите на ЕУ и тие почнат да се редат со оние без бугарско државјанство во колоната не-шенген (државјани од трети земји) на границите, за една година ќе има револуција во Северна Македонија“, уверен е тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…
(Видео) Филипче: Ако дојдам на власт, правосудниот…
Венко Филипче во емисија на Алсат ТВ…
Израел најави затворање на Западниот Брег по…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на…
(Видео) Мицкоски со честитка за Денот на…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод…
Трамп се закани со преземање на целата…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД,…