ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за изборите во Брвеница
Државната изборна комисија 19. седница едногласно ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Од ДИК информираат дека со цел зачувување на доверливоста на изборниот материјал и заштита на интегритетот на изборниот процес, преку утврдување на специфичните видливи и невидливи безбедносни елементи на ливчето, оваа точка се одвивала на затворена седница, согласно соодветните одредби од Изборниот законик и член 33 од Деловникот на Комисијата.
-При дефинирањето на содржината на гласачкото ливче беа целосно применети законските норми, според кои материјалот се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а во согласност со застапеноста на заедниците во Општина Брвеница, и на службениот јазик и писмо што го употребуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина, како и на јазикот и писмото на заедницата на која ѝ припаѓаат кандидатите. Редоследот на кандидатите и нивните подносители е според утврдената единствена листа на кандидати, а самиот главен дел од ливчето ги содржи називот со името на општината, бројот на гласачкото место, името и симболот на подносителот, како и редниот број, името и презимето на кандидатите. Делот што останува на кочанот го содржи серискиот број, општината и бројот на гласачкото место. За затворениот дел од седницата ќе биде составен посебен записник кој соодветно ќе се архивира заедно со тонската снимка и нема да биде јавно објавен. Во рамки на усвоениот дневен ред, Државната изборна комисија едногласно го усвои и Записникот од претходната 18-та седница – соопшти ДИК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документ+Видео) Ова е докторот кој овзможи бегство…
Бугарската држава организирајќи го бегството на Ива…
Вештачка интелигенција „чита“ мозочни снимки и реконструира…
Научници развија систем со вештачка интелигенција кој…
Судење за „Пулс“: Пожарникарите затекнале блокиран влез…
Според неговото сведочење, уште при пристигнувањето просторот…
Обвинителство бара притвор за пребеганата Ива Михајлова
Пребеганата Ива Михаилова не се јавила во…
ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата…
Државната изборна комисија 19. седница едногласно ги…