(Документ+Видео) Ова е докторот кој овозможи бегство на Михајлова: Бил осуден за лажни инвалидски пензии – СДСМ го поставиле за директор на неврологија, студирал во Бугарија
Бугарската држава организирајќи го бегството на Ива Михајлова предизвика сериозен меѓународен дипломатски скандал.
Како што дознава Инфомакс од свои извору бегството е организирано од бугарските тајни служби, но во Македонија се потмогнати од домашна агентска мрежа од која за сега е познато и името на еден познат лекар.

Инфомакс дојде до документ кој потврдува дека Иван Барбов е докторот кој се потпишува на дијагнозата на Ива Михајлова со која се тврди дека и се заканува опасност да остане во инвалидска количка.
Барбов лично потврдува дека се едуцирал во Бугарија
Во интервју за „Марили“, Барбов изјавува дека меѓу неговите најзначајни професионални едукации биле оние за невромускулни заболувања во САД, Бугарија и Италија.
Иако не се наведени конкретните бугарски институции ниту времетраењето на обуките познато е дека во 2021 година, во списанието Bulgarian Neurology, Барбов е наведен како коавтор на научен труд за болеста Хирајама, заедно со Теодор Ангелов, Теодора Чамова, Дора Златарева, Невена Филева и Ивајло Турнев.
Ова претставува документирана професионална поврзаност со бугарски медицински истражувачи.
Што е уште поинтересно едeн од коавторите во научната студија на Барбов е токму Теодора Чамова која го има истото презиме министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова – Чамова. Министерката за надворешни работи на Бугарија своето презиме го превзема по бракот со Иван Чамов.
Иако нема потврда за нивната роднинска врска во „Софиски весник“ од 2022 година е објавена историја на семејство Чамови со потекло од Охридско. Се споменуваат четири деца: Љубен, Иван, Лили и Тодор. Интересно е што и сопругот на Велислава, Иван и доктор Теодора Чамова носат имиња кои се од семејството Чамови од Охрид.
Поврзаност со СДСМ
Иван Барбов е македонски невролог, лекар чие име во јавноста се поврзува со еден од најпознатите корупциски скандали во македонското здравство – случајот „Метастаза“.
Барбов е роден на 31 јануари 1964 година во Струмица. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1988 година.
Тој е осуденво аферата „Метастаза“, која ја потресе Македонија поради организираното незаконско обезбедување инвалидски пензии.
Според обвинението во овој случај, лекари, членови на комисии и посредници биле вклучени во злоупотреби преку кои граѓани, за одреден паричен надомест, добивале право на инвалидска пензија.
На 22 октомври 2012 година, Основниот суд Скопје 1 изрече осудителни пресуди за 38 обвинети. Од нив, 17 добија затворски казни, а 19 условни осуди. Осудените беа задолжени солидарно да надоместат штета од околу 250.000 евра на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Во објавеното судско соопштение е наведен е Иван Барбов со условна осуда со утврдена затворска казна од една година и два месеца, со период на проверка од две години и шест месеци.
Во 2017 година, ВМРО-ДПМНЕ јавно го посочи Барбов како лице поврзано со случајот „Метастаза“, критикувајќи го неговото назначување за директор на Клиниката за неврологија.
Во мандатот на СДСМ и владата предводена од Заев, Барбов стана медицински директор на Клиниката за неврологија.
Барбов, Заев и Венко Филипче имаат и заеднички фотографии и заедно присуствуваа и на настан во организација на Владата во февруари, 2019-та година.
Во февруари 2025 година повторно се најде во јавноста, откако беше разрешен од раководна позиција и прераспределен на друг оддел. Барбов тогаш тврдеше дека против него се води хајка и дека со прераспределбата му се одземаат долгогодишните пациенти со ретки заболувања.
Имајќи го во предвид горенаведеното очигледна е инвловираноста на бугарската држава и на структури внатре во Македонија во бегството на Ива Михајлова. Македонија со сите докази ќе мора да побара одговорност од бугарскиот државен врв пред меѓународните партнери на државата и помош во справување со хибридните операции и војна која Бугарија ја води против македонската држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документ+Видео) Ова е докторот кој овозможи бегство…
Бугарската држава организирајќи го бегството на Ива…
Вештачка интелигенција „чита“ мозочни снимки и реконструира…
Научници развија систем со вештачка интелигенција кој…
Судење за „Пулс“: Пожарникарите затекнале блокиран влез…
Според неговото сведочење, уште при пристигнувањето просторот…
Обвинителство бара притвор за пребеганата Ива Михајлова
Пребеганата Ива Михаилова не се јавила во…
ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата…
Државната изборна комисија 19. седница едногласно ги…