Димитров кажува приказни за мали деца: Имаше шанси да говори додека беше на функција, ќе заврши како пpeдавник и гyбитник

t

Димитров ќе заврши како предавни и губитник истакна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето гостување во телевизија Алфа, потенцирајќи дека спорот со Бугарија е последица токму на министерувањето на Никола Димитров и тесно поврзан со отстапките и националното предавство со потпишувањето на Преспанскиот договор за промена на името, токму лично од него.

-Димитров имаше шанса да укаже дека нешто се случува додека беше на функција, а не после војна сите се генерали. Ова не му поминувам. Мислам дека ова му беше негов личен ПР за да не заврши во политиката како губитник и предавник, туку еве сега некако и тој се бори за некаков идентитет и национални интереси. Реалноста е дека тој го потпиша договорот за промена на името, тој го преговараше, тој се гордееше со него од кој произлегуваат сите овие проблеми. Тие отстапки кои што се направија со Преспанскиот договор сега ни се удираат по глава во преговорите со Бугарија. Тоа што Димитров излезе и кажа дека одбил да оди во Вашингтон за да не ме замолчат се приказни за мали деца.

Митовски го напомена и интервјуто на Груевски за Инфомакс во кое токму екс-премиерот го разобличи карактерот на Димитров.

-Во интервјуто на Инфомакс со Груевски за Никола Димитров екс премиерот кажа дека тој е човек кој многу добро знае да се упикува и да го каже тоа што сакате да го слушнете. Во првиот момент кога нема да има интерес од вас, Димитров ќе ви го сврти грбот, тоа му се случи на Груевски, тоа ќе му се случи и на Заев сега, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…

Бугарски новинар: Следува крај на војната и…

Станува јасно дека украинскиот конфликт е веќе…

Претседателот на Бугарија стави вето на испораката…

Киев требаше да добие стари оклопни транспортери…

Србија обвини маж за шпионажа во корист…

Во српскиот град Босилеград е уапсено лице…

Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител…