Директорот на АХВ не сака да ги каже фирмите кои лажеле за млечната маст во производите оти можело да биде тужена Агенцијата

t

Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби да ги открие имињата на фирмите кај кои се утврдени неправилности, образложувајќи дека агенцијата би можела да се соочи со тужби и правни последици од операторите со храна, пренесе ТВ24.

„Согласно Законот за интелектуална сопственост, Законот за потрошувачите, но и други закони поврзани со храната, не можеме во моментот да го кажеме делот, затоа што ќе сносат последици и економски и финансиски операторите со храна. Не сакаме утре да бидеме и ние изложени на товар со прекршочни и кривични тужби кон агенцијата“, вели тој за телевизијата.

Сточарите со месеци предупредуваа дека на пазарот се продаваат производи што содржат минимални количини млеко, а се претставуваат како млечни производи. 

Случајот го открија проверките на неколку мостри од храна донесени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје. Директорите на двете институции велат дека казните за вакви прекршоци се мали и дека законската регулатива мора да се менува. Доктор Ненад Лазаров, кој е еден од предводниците на порталот „Пазарлук.мк“, повика на бојкот на сите производи чии производители нема да објават независна анализа за квалитет од Институтот за јавно здравје.

Неофицијално, се работи за следните производи: урда на „Бела Фарм“ од Србија, наместо декларираните 25 проценти млечна маст, биле измерени 5,54 проценти. Кај златиборско ситно сирење на „ПК Златибор“, пак, анализата покажала 1,19 проценти млечна маст наместо декларираните 14,3 проценти.

Отстапувања, според објавата, биле констатирани и кај производи на „Маврово“, „Милком“, „Сентис АГ“, „Ѓорѓиеви“, „Продукт“ и „Тетовска млекара“, додека кај „Норд Милк“ било утврдено присуство на растителни масти во производ деклариран како млечен.

Една од фирмите, Мелкара „Ѓорѓиеви“ реагираше на појавата на нејзиното име, со став дека досега не добиле никакво решение, известување, казна или препорака од Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на неправилности во декларирањето на нивните производи. Тие додаваат дека сите нивни производи биле тестирани и дека во целост ги исполнуваат законските стандарди за безбедност на храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на АХВ не сака да ги…

Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…

Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…

Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…

Неофицијално: На чии производи се нашле декларациите…

Голем дел од млечните производи кои се…

АХВ фати измама кај производители на млечни…

Деведесет и една мостра од млеко и…

Повторно приведена поранешната мисица од Крива Паланка,…

Повторно е уапсена поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска,…