Повторно приведена поранешната мисица од Крива Паланка, спречувала заплена на крупен добиток
Повторно е уапсена поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска, откако, според полицијата, се обидела да ја попречи акцијата за заплена на добиток спроведена од надлежните служби.
„На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.
Ова не е првпат нејзиното име да се поврзува со слични инциденти, каде што таа и нејзини поблиски членови на семејството беа приведувани поради добитокот кој слободно шета во Крива Паланка и околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…