АХВ фати измама кај производители на млечни производи: Наместо 20 проценти млечна маст, во сирење имало одвај еден процент
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите.
Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите синџии на маркети во земјава. Се чека комплетирање и на резултатите за тестираните сувомеснатите производи, за што јавноста дополнително ќе биде известена.
Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори утврдено е дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно, со тестирањата констатирано е дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното. Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, утврдено е дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена парична казна од 3 500 евра во денарска противвредност.
За измама на потрошувачите, уште на осум оператори (производители и увозници) кај кои се утврдени отстапки од ваков вид, односно разлика во декларираниот и реалниот процент на млечна маст во контролираните млечни производи, изречени им се казни по 1050 евра во денарска противвредност.
Кај друг оператор со храна, со тестирањата констатирано е дека во производството на млечен производ користел растителни (палмини) масти, за што му е изречена парична казна од 1300 евра во денарска противвредност. Спорниот млечен производ во вкупна тежина од 500 килограми од овој оператор се повлечени од промет и нештетно уништени на депонија.
Кај оваа категорија оператори со храна, засилените инспекциските контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат и во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казни од 1.500 до 2.000 евра –…
Од 1 јули до 31 август се…
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…
Директорот на АХВ не сака да ги…
Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…
„Безбеден град“ во мај уловил 28.500 прекршоци,…
Во месец мај констатирани се 28.494 сообраќајни…
Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…
Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…