Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус по втор пат за два месеци

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.
-Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.
Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“.
Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.
Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.
-Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.
Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, според најновите податоци. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бербок: Германскиот народ продолжува да ја поддржува…
Во интервју за Си-ен-ен на Генералното собрание…
Русиja соопшти дека соборилa украински дронови над…
Руските единици за противвоздушна одбрана доцна синоќа…
Орбан: Унгарија не брза да ја ратификува…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека…
Кадиров објави како неговиот син тепа човек…
Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и еден од…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот
Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска.…