Додик не прифаќа британска војска во Босна

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека најавата на британската амбасада во БиХ дека нивната земја може да го зголеми своето воено присуство во БиХ е неприфатлива и сигурно нема да ја добие поддршката од Претседателството на БиХ.
„Верувам дека постоечкиот контингент војници во мисијата Алтеа е сосема доволен и дека БиХ нема предизвици за кои би биле потребни дополнителни сили“, нагласи Додик во изјавата за Срна.
Додик изјави дека ниту еден од легитимните претставници на мировната мисија во БиХ не зборувал за потребата од проширување на мисијата, ниту за загрозување на стабилноста во БиХ и дека не гледа причина зошто Британците би требало да дојдат.
„Затоа е легитимно, но и логично да се сомневаме во намерите на Британците кои излегоа со оваа иницијатива, особено во изборната година“, посочи Додик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Опасна реклама од министерството за одбрана…
„Ќе се вратиме во Киев“, вели војникот.…
(Видео) Мицкоски повика на испраќање на македонска…
Да испратиме војска во НАТО, побара во…
Ќе пукне “тиквата” на Косово? Српската војска…
Белград ја стави војската во состојба на…
Британското МНР: Никаква опрема – Мобилизираните Руси…
Британското Министерство за одбрана го објави најновиот…
Војска ќе ги чува границите на Чешка…
Во обновените контроли на границата со Словачка…