Додик не прифаќа британска војска во Босна

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека најавата на британската амбасада во БиХ дека нивната земја може да го зголеми своето воено присуство во БиХ е неприфатлива и сигурно нема да ја добие поддршката од Претседателството на БиХ.

„Верувам дека постоечкиот контингент војници во мисијата Алтеа е сосема доволен и дека БиХ нема предизвици за кои би биле потребни дополнителни сили“, нагласи Додик во изјавата за Срна.

Додик изјави дека ниту еден од легитимните претставници на мировната мисија во БиХ не зборувал за потребата од проширување на мисијата, ниту за загрозување на стабилноста во БиХ и дека не гледа причина зошто Британците би требало да дојдат.

„Затоа е легитимно, но и логично да се сомневаме во намерите на Британците кои излегоа со оваа иницијатива, особено во изборната година“, посочи Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телото кое беше пронајдено во близина на…

Телото пронајдено за време на пожарот во…

Земјотрес од 3,6 степени по Рихтер ја…

Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени според…

Казна за маж во БиХ, го величал…

Судот на Босна и Херцеговина донесе конечна…

Трагедија во БиХ: Маж ја убил сопругата…

Убиство и самоубиство синоќа ја потресе Босна…

Се спрема закон со кој САД и…

Американскиот Конгрес работи на нов закон со…