Додик: Република Српска никогаш нема да поддржи санкции за Русија

Додик: Никогаш нема да бидеме за санкции против Русија, нема да гласам за продолжување на мандатот на ЕУФОР.
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека Република Српска нема да биде на страната на никакви санкции против Русија и дека нема, како што вели, да даде согласност на ниво на БиХ.
„Во тој поглед нашиот став е јасен. Во светот владее некоја хистерија поврзана со Русија. Мислам дека најдобро е БиХ да остане неутрална за да не застане на страната на ниту едната страна. И да останеме над какви било оценки или осуди во однос на конфликтот во Украина“, рече Додик на прес-конференција во Бања Лука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија осуди фотограф на 16 години затвор…
Руски суд во четврток соопшти дека го…
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…