Доколку не се ослободи дополнителен капацитет на гасоводот со Бугарија ќе бараме Европската комисија да ни компензира

t

„До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот кој што го имаме со Бугарија кој што е целосно закупен од Гаспром. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните Директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија со Булгаргастранс “, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното гостување во емисијата Аргумент плус на Телевизија 24.

Министерот појасни дека потребите за гас за Топланите и за индустријата се обезбедени до крајот на месецот од претходно склучени договори, но иако претходната година се зголеми капацитетот на гасоводот со Бугарија и се ослободија дополнителни 180 илајди метри кубни, сепа

„Претходната година заедно со премиерот Ковачевски направивме големи напори и успеавме да ослободиме одредени количини во делот на гасоводот што го имаме со Бугарија, а тука имавме и голема поддршка и од САД, ЕК и во моментов околу 180 милиони нормални метри кубни се ослободени во тој гасовод, за што можеме да ги покриеме потребите на Топланите. До овој момент ТЕ-ТО и индустријата во целина се снабдувааа сами на пазарот, генерално се снабдувале од еден снабдувач кој имал договор со Гаспром, заради количините кои ги има закупено од бугарската страна, од минатата година откако ги ослободивме тие количини и оваа топланите се снабдуваат со гас од други извори, генерално, гасот доаѓа од Азербејџан од други ЛНГ терминали“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека за да се задоволат потребите за целата индустрија потребно е да се ослободат уште 200 до 250 илјади нормални метри кубни од гасоводот.

Министерот појасни дека согласно Директивите на Европската комисија, доколку одреден капацитет, во нашиот случај гасоводот со Бугарија, не се користи целосно одреден период, а ние од кога е пуштен во употреба не сме искористиле повеќе од 50% од капацитетите, врз основа на Меѓународни договори и соработка, и покрај билатералниот договор кој што Бугарија го има со Гаспром, треба да е ослободат 40% од тој капацитет, односно од тие 800 милиони нормални метри кубни, со оглед на тоа што тоа е единствен извор од кој со гас се снабдува државата.

“Ние бараме целосно да се почитуваат Директивите на Европската комисија и да се почитуваат меѓународните договори и да се ослободат 200 до 250 нормални метри кубни за нашата индустрија“ порача Бектеши во Аргумент плус.

Во однос на новиот пакет мерки кој што се подготвува министерот Бектеши кажа дека Министерството за економија ги достави своите предлози до Министерството за финансии и откако ќе се прецизираат предлозите од другите министерства, мерките најверојатно во текот на следната недела ќе бидат објавени.

“Согласно сите анализи кои ги прават од страна ма Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и кабинетот на вицепремиерот, најверојатно наредна недела ќе бидат предложени новите мерки од страна на Министерството за финансии и веднаш ќе почне со нивна реализација. Ќе има субвенции за пензионерите, ќе има субвенции за студентите, за средношколците, за тие кој што се вработени и патуват на работа од поголема оддалеченост од работното место и други мерки“, кажа министерот Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најнесреќната нација во ЕУ

Истражувањето покажа дека задоволството од животот е…

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при…

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при…

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…

Бугарски новинар: Следува крај на војната и…

Станува јасно дека украинскиот конфликт е веќе…

Претседателот на Бугарија стави вето на испораката…

Киев требаше да добие стари оклопни транспортери…