(Документи) Телма: Партиски послушници, го утнале името на институцијата – Кого власта турка во Советот за граѓански надзор?
Еден со рачно пополнета пријава, втор правел софтвер за корозија на цевководи, претседателот го згрешил името на институцијата за која конкурира, има и советник од ВМРО-ДПМНЕ- кого власта турка во Советот за граѓански надзоr, пишува ТЕЛМА.
-Верувам дека со моето искуство, знаења и желба за придонес во подобрувањето на МЕДИУМСКИОТ сектор, ќе бидам активен член и од полза на Советот за граѓанска КОНТРОЛА, вака својата биографија ја завршува мр Илче Димовски кого владечката коалиција во „брза“ лента го помина на Комисијата за избори и именувања во Собранието и го предложи за претседател на Советот за граѓански надзор.
И покрај таа желба, да го подобрува медиумскиот сектор (Советот инаку треба да го подобри независниот, граѓански надзор врз следењето на комуникациите, а не медиумите) и да биде член на Совет за граѓанска контрола (такво тело не постои во правниот поредок), пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Знам и ВРЕДИ виделе дека Илче Димовски е најдобар од 28-те пријавени кандидати за претседател на Советот за граѓански надзор.
Димовски држел и прес конференции во Битола како претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено два факултети, јавна администрација во Битола и правен факултет во Кичево. И двата факулети ги завршил со ист успех -6,62. Интересно е дека и покрај тоа што за завршен 4-годишен факултет се доделуваат по 240 кредити, тој во дипломата за дипломиран јавен администратор има еден повеќе односно 241.
Целиот текст и документите можете да ги видите во објавата на ТЕЛМА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…
Советот на Општина Кочани на денешната редовна…
Нареден инспекциски надзор над работите на автопатот…
По наредба на јавен обвинител, инспектор за…
(Видео) Јакимовски: Апелирам ДПМНЕ и нивните соработници…
На ДПМНЕ ништо не им е свето,…
Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…
Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…
(Видео) Митовски до Груби: Да дадеш надзор…
Си има органи во државата, има ЈПДП,…