(Документи) Cyдија, поротник и извршител: Која е Саветка Георгиева и зошто не почитува cyдски одлуки кога станува збор за ексклузивна градежна парцела во Струмица?

t

Пред повеќе од пет години започнува голготата на угледно струмичко семејство Kитанови. Тие имаат успешен бизнис и се сопственици на компанијата „Еврозоли“ чија што примарна дејност е рециклирање на отпад.

Извршувајќи ги своите работни задачи една од вработените доживува несреќа со машините за рециклирање на отпад при што страдаат три прсти на нејзината рака.

Сега веќе починатиот Илија Китанов како директор и сопственик на компанијата прави се за да го олесни опоравувањето на својата вработена, погрижувајќи се за сметките од третманот и редовна исплатана плата при боледување.

Но по советување со  судии, обвинители и извршители вработената во компанијата се решава на приватна тужба против Компанијата и тогашниот директор, Илија Китанов.

И тоа е нејзино право исто како што е право во понатамошната постапка на Илија Китанов да ја признае вината во кривична постапка, но целиот процес не завршува тука.

Вработената покренува и парнична постапка за која има неколку пресуди, пресуди во кои оштетата од 2 милиони денари расте на 3,5 милиони денари.

Пресудите сепак веќе не се на име на тужениот Илија Китанов кој од стрес починува во текот на постапката, туку процесот продолжува против неговата сопруга и двете негови деца.

Судот, обвинителството и извршителите наместо да се фокусираат на наплаќање на долгот се фокусираат на една градежна парцел во центарот на Струмица чија проценета вредност е повеќе од 200 илјади евра, а имајќи ја во предвид големината на парцелата доколку таму се изгради станбен објект, оваа локација може да донесе милионски профит.

Заглавени во судските лавиринти семејството Китанови добиваат пресуда за наплата на долг кој доаѓа до извршител, но во моментот не поседуваат никаков имот бидејќи сопругата на Илија Китанов и неговите синови се откажуваат од неговото наследство и тоа се препишува на име на неговите внуци.

Тука доаѓаме до извшителката која еклатантно ги крши законите и не почитува никакви судски одлуки.

Саветка Георгиева е официјален член на Комората на извршители на Република Македонија која извршува високи профилни случаи во источна Македонија меѓу кои и голем дел од побарувањата на Еуростандард банка од струмички компании должници на банката која е во стечај.

Сепак Георгиева е особено заинтересирана за извршување на една градежна парцела во центарот на Струмица чија вредност од неколку стотици илјади евра може во рок од месеци да порасне неколкукратно, а целата постапка за извршување ја води експресно се со цел да ја продаде парцелата непочитувајќи судска одлука.

Кај Георгиева пристигнува за извршување предметот со реден број 855/2021 која солидарно им наплатува на сопругата и двете деца на Илија Китанов. Првиот проблем настанува кога, Георгиева востанувава дека на име на овие лица нема никаков имот кој може понатаму да се користи за наплата на долг, но и покрај овој факт таа одржува јавно надавање, на кое поради нерешени судски спорови никој не се пријавува.

На второто јавно надавање Георгиева незаконски го менува името на должниците па така наместо од синовите на Илија Китанов и неговата сопруга долгот го наплатува од неговите внуци, со едноставна промена во Заклучокот за втора усна јавна продажба.

Инаку ваквата постапка на Георгиева е незаконска бидејќи не постои ниту една пресуда во која Илија Георгиев се јавува како должник па така ниту неговите внуци не можат да бидат должници со тоа што го наследиле имотот.

Она што е симптоматично е што и покрај големиот имот и недвижнини кој го поседува семејството, извршителката Георгиева и натаму е фокусирана на оваа градежна парцела чија вредност е неколкукратно поголема од вредноста која е предмет на извршување.

На второто јавно надавање има само еден купувач кој го претставува неговиот адвокат, купувач кој за волја на вистината не е запознаен со судските лавиринти во кои заглавен имотот на семејството Китанови и според усните сведоштва на членовите на семејството влегува во сериозен конфликт со неговиот адвокат затоа што не го известил за фактичката состојба.

Имотот кој сега е на име на внуците на Илија Китанов се продава по цена од околу 120 илјади евра која за 80 илјади евра пониска од пазарната, а за 40 илјади евра поголема од сумата која треба да се наплати.

Но тоа не е се.

Саветка Георгиева отворено непочитува судска одлука на повисока судска инстанца.

На 09.12.2021 година Апелациониот суд во Штип во совет составен од три члленови ја прифаќа жалбата на должниците Калина Китанова, ЗоранKитанов и Лефтер Китанов и носие решение со кое заклучокот за извршување со реден број 855/2021 се става вон сила.

Во образложението на судот се напоменува дека должиниците преку својот полномшник посочиле дека тие се само претпоставени законски наследници и со изјава пред нотар во спроведана оставинска постапка се откажале од наследството на починатиот Илија Китанов.

И покрај судската одлука и деталното образложением извршителката Саветка Георгиева ја продава оваа ексклузивна градежна парцела на местото викано Белик, парцела која не е во сопственост на должниците.

Георгиева важи за блиска до актуелната власт и е во одлични односи со пратеничка од власта од Струмица.

Таа во градот е непопуларна поради начинот на кој што ја извршува својата работа, ставајќи се над законите и државата, а во конкретниот случај наплатува долг од други лица спротивно на судско решение.

Оштетените во овој процес за кој се поднесени и кривични пријави обвинуваат за мафијашки систем на работа и спрега помеѓу судот, обвинителството и извшрителите со цел остварување на лични и туѓи бизнис интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Обединети во криминалот: СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ…

Во денешната епизода на Тешки муабети, Љупчо…

Акција на МВР: Приведен струмичанец

На 28.09.2022, полициски службеници од Секторот за…

Пронајдена дрога, приведени дилери во Струмица

На 10.09.2022 во Струмица полициски службеници од…

(Фото) Скандал: Салата Парк во Струмица е…

До редакцијата на Инфомакс стигнаа фотографии и…