Затворски полицаец во Струмица фатен при обид за продажба на дрога
Затворски полицаец од Струмица е осомничен за обид за продажба на кокаин, откако полицијата кај него пронашла наркотични дроги, муниција и предмет за кој било утврдено дека потекнува од кражба.
Станува збор за 50-годишниот Р.С. од Струмица, против кого СВР Струмица поднело кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено поседување оружје и експлозивни материи и кражба.
Случајот бил откриен на 21 ноември, во близина на Затворот во Струмица. Осомничениот, кој работел како затворски полицаец, наводно се обидел да продаде кокаин на друго лице, а при интервенцијата кај него биле пронајдени три пакувања со оваа дрога.
Дополнителните претреси во неговиот дом и во службените простории што ги користел во затворот откриле уште пакувања со кокаин, марихуана и дигитална вага. Во службениот ормар на полицаецот биле пронајдени и куршуми за пиштол во количина поголема од онаа што му била задолжена за службена употреба. При претресот бил откриен и паричник за кој било утврдено дека потекнува од кражба пријавена истиот ден.
По приведувањето и поднесувањето на кривичната пријава, 50-годишникот бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворски полицаец во Струмица фатен при обид…
Затворски полицаец од Струмица е осомничен за…
Затвореник избегал на пауза од судење во…
Затвореник од затворот во Штип во текот…
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
Се додека не се зголемат откупните цени…
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Македонски ученици го освоија првото место на…