Објавено на:

Домашен притвор за родителот кој тепаше ученик и наставничка во Битола

t

Во домашен притвор е родителот од Битола, кој пред два дена во училница на среде настава натепа ученик и наставничка. Причината за ваквото насилство бил нетрпеливиот однос меѓу две деца, а наставничката наводно настрадала бранејќи го нападнатото дете.

Официјално, инцидентот се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола, кога според извештајот на полицијата, двајца родители физички нападнале соученик на нивното дете и наставничка додека одржувала час.

Пред два дена во СВР Битола, родителот на натепаниот ученик Р.М. (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од сега притворениот Р.Л. и неговата сопруга Н.Л., родители на соученик на неговото дете. Истиот ден и М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од двајцата родители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…

(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…

Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…

(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме

Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…