Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила се судрија, осум луѓе завршија во болница

t

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница, каде во верижен судир учествувале четири возила.

Во несреќа повредени се осум луѓе, кои со сериозни телесни повреди биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Едно лице поради тежината на повредите веднаш било однесено на операција, додека шест пациенти се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на Одделението за ортопедија.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат, а на местото веднаш пристигнале екипи на СВР Битола, противпожарна единица и итна медицинска помош.

„На магистралниот пат А3 Битола Прилеп во близина на мост на река Шемница, сообраќајот е во прекин од 9 часот поради случена сообраќајна незгода“, информираа од АМСМ.

Од пожарната од Битола информираат дека и покрај силниот удар меѓу возилата, немало избувнување на пожар.

На местото се врши увид од полициски екипи на СВР Битола и надлежен јавен обвинител, по што ќе бидат познати причините и околностите за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…