До крајот на месецов ќе се знаат кандидатите за градоначалници од Вреди

Процесот на избор на кандидати за градоначалници од редовите на ВЛЕН се очекува да заврши до крајот на овој месец. Ова денес го изјавил првиот човек на општина Тетово и член на коалицијата, Биљал Касами.
Тој нагласил дека по завршувањето на процесот на селекција, ќе се одвива и политичко донесување одлуки за кандидатите кои ќе се натпреваруваат на локалните избори во октомври.
Касами додаде дека во оваа фаза се спроведуваат и анкети за да се утврди кои кандидати имаат најголеми шанси за успешни резултати на изборите.
„Во фаза сме на избор на кандидати, малку посложен процес, разговор со кандидати кои доаѓаат и од политички партии и од граѓанското општество, како и од важни фактори во општеството. Спроведуваме анкети за да тестираме кој од кандидатите ќе има најголема поддршка од гласачите“, рече Касами.
Процесот на селекција се одвива во време кога политичките партии ги интензивираат подготовките за локалните избори во октомври, со цел да обезбедат силни и јавно прифатливи кандидати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
Алијанса на Таравари најверојатно ќе има свои…
Предводникот на едното крило на Алијанса на…
Раскол и во Собрнието: Вреди прави пратеничка…
Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на…
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Гаши: Останувам во коалицијата „Вреди“
Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава…