Алијанса на Таравари најверојатно ќе има свои кандидати за градоначалници на претстојните избори

t

Предводникот на едното крило на Алијанса на Албанците и актуелен министер за здравство, Арбен Таравари ѝ честиташе на коалицијата ВЛЕН што се спои во една партија и им посака успех. Вели дека многу се радува што трите партии се споија во една.

-Ние како Алијанса ќе излеземе со наши сопствени листи и најверојатно наши кандидати за градоначалници. Засега немаме одлука дека не сме дел од ВЛЕН. Ако се иницира, имаме пет наши пратеници и тие ќе продолжат како пратеничка група и ВЛЕН ќе си има своја пратеничка група, рече денеска Таравари.

Тој појасни дека е против одржување на предвремени парламентарни избори. Според Таравари, има стабилно владеачко мнозинство, без разлика дали Алијанса е дел од Владата.

-Сметам дека треба да има локални избори. Битно ни е да излезмее со што подобри резултати на локалните избори и таа ни е целта – да победиме во што повеќе општини каде што можеме, додаде министерот, потенцирајќи дека деновиве ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Нема точен датум, но се во комуникација штом претседателот на Владата се врати од Шпанија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…