Гаши: Останувам во коалицијата „Вреди“
Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Вреди“ демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.
– Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.
По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од коалицијата „Влен“ најавија дека од следнава недела почнува процедурата за создавање на партиите од коалицијата во една политичка партија.
Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…
ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…
ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…
ДУИ две години молчеше, а денес, кога…