Објавено на:

Драма во Црното Море: Руски брод испука предупредувачки истрел, полетал и хеликоптер!

t

Рускиот патролен брод „Василиј Биков“ испукал предупредувачки истрел и го запрел товарниот брод „Сукра Окан“ кој пловел под знамето на Палау во Црното Море кон украинското пристаниште Измаил, соопшти руското Министерство за одбрана.


Како што се наведува, капетанот на бродот не одговорил на барањето да застане за да провери дали бродот превезува забранета стока и затоа е донесена одлука да се испука предупредувачки истрел од автоматско малокалибарско оружје.


Набргу потоа бил остварен контакт преку радиоврска, по што бродот запрел, а од рускиот патролен брод полетал хеликоптер Ка-29 со група руски војници кои извршиле проверка.
Утврдено е дека се работи за брод кој превезувал сув товар, а по извршениот увид бродот продолжил со движење кон пристаништето Измаил.


Да потсетиме, по суспензијата на Договорот за жито на 18 јули, Министерството за одбрана на Русија најави дека секој брод што ќе плови кон украинските пристаништа ќе го разгледаат како потенцијален носител на воена опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…

Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…

Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…

Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Москва го пофали Радев

Москва забележува промена во реториката на Софија…