Објавено на:

Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани сите полетувања и слетувања на аеродромот

t

Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург вечерва е привремено суспендиран поради пријавена активност на беспилотни летала во близина на аеродромот.
Според информациите објавени доцна вечерва, на аеродромот Luxembourg Findel (LUX/ELLX) биле стопирани и пристигнувањата и заминувањата поради безбедносни причини поврзани со активност на дронови.

Информацијата доаѓа во особено чувствителен момент. Само еден ден претходно, Владата на Луксембург официјално соопшти дека е активирана меѓуресорската група за проценка на заканите од дронови, откако биле добиени повеќе пријави за потенцијално присуство на неидентификувани беспилотни летала во воздушниот простор на земјата.
Најголем дел од претходните пријави се однесувале на регионот
Властите нагласија дека засега нема доволно информации за да се утврди потеклото или природата на забележаните летала. Надлежните служби ги анализираат собраните податоци и вршат проверки и во соработка со странски партнери.

Дополнително, RTL денес објави дека пилотите биле официјално известени да пријавуваат сомнителна активност во областа околу Findel. Аеродромот и онака се наоѓа во зона во која летовите со дронови се забранети.

Инцидентот добива дополнително значење бидејќи Луксембург неодамна ги заостри мерките за контрола на беспилотните летала. Од 13 септември беа воведени нови UAS-зони кои властите можат да ги активираат по барање на полицијата и во нив да воведат забрана за летови со дронови.

Засега нема официјална потврда кој управувал со дроновите, колку летала биле забележани или дали станува збор за намерна безбедносна операција. Затоа не може да се поврзе вечерашниот настан со конкретна држава или група.

Сепак, затворањето на аеродром поради дронови покажува колку сериозно европските власти го третираат ризикот: дури и мало беспилотно летало во близина на писта може да претставува опасност за патничките авиони и да доведе до итно запирање или пренасочување на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…

Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…

Киев може да се соочи со „вистински…

Страв од руски удари врз струјата, водата…

Удар за Европа: Арамко стопира дел од…

Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…

„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…

Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…

Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…