ДУИ: Недим Рама, десната рака на Меџити криел сопственост во ИТ компанија и наплаќал од Општина Чаир додека работел во неа
ДУИ соопшти дека продолжуваат да го откриваат скриениот имот на Недим Рама, десната рака на Изет Меџити. За потсетување, иако има законска обврска, тој не пријавил никаков имот во Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Во денешниот случај откриваме дека до неодамна, Недим Рама со лицето Џелал Зендели беа сопственици на компанијата ХОСТМК ЛТД ДОО Скопје, која се занимава со ИТ услуги и хостинг на веб страници. Низ годините, оваа фирма има десетици исплати од училишта, национални установи и општини за одржување на нивните веб страници. Но, замислете ја дрскоста. Во јули 2023 година, додека Недим Рама добил исплата за неговата фирма ХОСТМК ЛТД ДОО Скопје од 70.446 денари – токму од општината Чаир во која тогаш бил вработен“, велат од ДУИ.
Од партијата велат дека податоците покажуваат дека Недим Рама остварувал и приходи преку оваа фирма и додека е директор на НОМАГАС. А, не пријавил бувално никаков имот во Антикорупциска.
„Но, Недим Рама неуспешно сега сака да ги сокрие трагите од непријавените имот и пари остварени низ годините. Документите од Централниот регистар покажуваат дека Рама и Зендели на почетокот на април поднеле барање до Централниот регистар за промена на името на фирмата и бришење на нивната сопственост. Пријавата е одобрена на 4 мај и оттогаш ХОСТ МКД ЛТД ДОО Скопје го менува името на фирмата во ДРИВЕ РЕНТ ДОО СКОПЈЕ. Оттогаш, нов единствен сопственик и управител на компанијата станува Сунај Азири, кој според информациите на ДУИ е човек од опкружувањето на Изет Меџити. Компанијата останува на истата адреса која претходно беше наведена од сопствениците Недим Рама и Зендели. Сигурно се прашувате зошто една ИТ компанија би го променила името во ДРИВЕ РЕНТ, чиј назив логички личи на изнајмување на автомобили? Еве, го повикуваме Недим Рама да одговори! Ги повикуваме ДКСК и надлежните институции веднаш да отворат постапка за овој евидентен судир на интереси и криење имот. Недим Рама мора да сноси кривична и морална одговорност за секој денар исплатен од џебот на граѓаните“, стои во соопштението на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Недим Рама, десната рака на Меџити…
ДУИ соопшти дека продолжуваат да го откриваат…
ДУИ бара истрага за непријавениот имот на…
Од денеска, ДУИ го отвора прашањето за…
Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен…
Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија…
Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…
Малолетници со сечило барале пари од девојче…
Малолетници во Чаир со закана со остар…