Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“
Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и европската перспектива на Република Северна Македонија.
„На средбата детално беа разгледани обврските што Република Северна Македонија ги има кон Европската Унија, како и одговорноста на институциите и домашните власти за исполнување на сите неопходни реформи и обврски на патот кон полноправно членство во ЕУ. Претседателот Ахмети повторно нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет и врвен државен интерес, истакнувајќи дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија“, соопштија од ДУИ.
Од партијата велат дека соговорниците ја оцениле важноста од продолжување на реформите, зајакнување на владеењето на правото, демократското функционирање на институциите и зачувувањето на проевропската ориентација на земјата, како клучни предуслови за напредокот на интегративниот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…