ДУИ бара истрага за непријавениот имот на директорот на НОМАГАС, Недим Рама

t

Од денеска, ДУИ го отвора прашањето за имотот на Недим Рама, десната рака на Изет Меџити, кој на почетокот на јануари 2026 година беше назначен за директор на НОМАГАС.

Повеќе од четири месеци Недим Рама нема доставено анкетен лист за имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата. Не пријавил ништо, а поседува многу.
Ова е сериозно прекршување на обврските за транспарентност што ги има секој функционер. Кога директор на државна компанија со месеци не пријавува имот, се отвора основан сомнеж за прикривање интереси, влијанија и потенцијален судир на интереси. ДКСК нема право на молк – мора веднаш да отвори втор предмет и целосна истрага за непријавениот имот на Недим Рама. Бидејќи веќе еден предмет има, но се уште без епилог.

Првиот предмет на ДКСК се однесува токму на Недим Рама, угостителот од Чаир, како што го нарекуваа медиумите, откако беше откриено дека ланч-барот „1Ш“, управуван преку фирмата „Неар 2015“, чиј сопственици биле Недим Рама и заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири, добивал исплати од Општина Чаир за репрезентација.
Сето тоа се случувало во период кога Калтрина Зеколи Шаќири извршувала заменик-министерска функција, а Недим Рама бил посебен советник за финансии во кабинетот на Изет Меџити во Министерството за животна средина.

Но скандалот не завршува тука. Угостителскиот објект поврзан со Недим Рама добивал јавни пари и многу пред тој да стане советник во Министерството за животна средина. Во тој период, Рама бил секретар на Општина Чаир, во време кога со општината раководел Висар Ганиу.

Тоа значи дека фирма поврзана со висок општински функционер добивала средства токму од институции блиски до центрите на моќ каде тој дејствувал.
Дополнително, фирмата „Неар 2015“ не била само корисник на општински средства, туку добивала и државна помош преку Агенцијата за вработување, од каде ѝ била доделувана финансиска поддршка за вработувања.

Јавноста со право прашува: “Дали институциите биле претворени во сервис за блиски луѓе на власта и дали политичките функции биле користени за приватен бизнис и финансиска корист?” Ова е брутално кршење на етичките кодекси и законските обврски за отчетност. Молкот за имотната состојба и сомнителните текови на пари отвораат оправдан сомнеж за системска корупција и прелевање на парите на општина Чаир во приватни џебови.

Фактите што досега излегоа во јавноста се доволна основа ДКСК конечно да излезе со епилог за овој случај. Ја повикуваме Комисијата без одлагање да ја заврши постапката, да утврди одговорност и да поднесе иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство за случајот поврзан со Недим Рама и Калтрина Зеколи Шаќири.
Дополнително, ДКСК мора да отвори и предмет за Недим Рама за неговото непријавување имот. И дополнително да тргне во акција да истражува – како со општинска и советничка плата, стекнал несразмерно големо богатство.

Бараме итно испитување на имотот на Недим Рама – правдата не смее да застане пред вратите на функционерите. Ако функционерите немаат што да кријат, тогаш нека го пријават својот имот. Институциите мора да покажат дека законот важи за сите – и за најблиските луѓе на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…

Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…

ДУИ две години молчеше, а денес, кога…

ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…

Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…