Дeтaли за тpaгедијата во Тетово: Имал гpeбаници на вратот, телото ќе оди на обдykција
Лекар од Итна помош поради гребаници на вратот кај починат маж, смртниот случај вчера го пријавил во тетовската полиција. По увидот јавниот обвинител наредил да има обдукција врз телото на 77-годишниот починат човек за да се утврдат точни причини за смртта, информираат денес од СВР Тетово.
Во 15:22 часот во СВР Тетово од лекар од Итна медицинска помош при Клиничка болница Тетово е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово Н.В. пријавил дека неговиот татко Б.В.(77) бил во лоша здравствена состојба.
-Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт, при што биле забележани гребаници во пределот на вратот. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово. Исто така, констатирано е дека при расправија и физичка пресметка со неговата сопруга П.В.(76), Б.В. починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за четири физички и едно правно…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Прегазен 82-годишен маж во Тетово
На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР…
Почна сослушувањето на уапсените за трагедијата во…
Дел од уапсените за трагедијата што се…
Трагедија во Македонија: 90-годишен маж го загубил…
Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК)…
Претрес во Тетово – пронајдена дрога
На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово,…