Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал на девојка, па избила тепачка со мајки, тетки и чичковци

t

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства во Тетово се случила вчеравечер, откако 27-годишен насилник ѝ се заканувал на 22-годишна девојка, соопшти СВР Тетово.

„На 14.09.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Ш.(27) од с.Голема Речица, тетовско. Претходно, 22-годишната Ф.А. од Тетово пријавила дека околу 15:50 часот во трговски центар во Тетово, Ф.Ш. ѝ се заканувал, а подоцна со нејзиното семејство отишле пред неговиот дом за да разговараат со неговите родители, Ф.Ш. физички ја нападнал неа, нејзината мајка Е.А.(50) и нејзиниот чичко Љ.А.(48), а во нападот се приклучиле и неговата мајка и тетка. Според пријавеното, Ф.Ш. го оштетил нејзиното патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и нејзиниот мобилен телефон. Ф.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При контрола во угостителски објект во Тетово,…

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…

Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…

Ова е сликата и светот низ кои…

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…