Еве кој е лекот за мамурлак
Замор, жед, главоболка, гадење, вртоглавица, тремор, недостаток на фокус, болки во мускулите, несоница и нарушувања на расположението се непријатни симптоми на мамурлак.
Без разлика колку е силен, секој сака што побрзо да се ослободи од него, а во тоа можат да помогнат одредени намирници и пијалоци, пренесува N1 БиХ.
Вода
Алкохолот го дехидрира телото, па тоа не е изненадувачки. Пиењето многу вода за кратко време може да ја ублажи главоболката, а водата ве поттикнува почесто да одите во тоалет, што ќе го забрза исфрлањето на сите штетни материи.
Домати
Доматите се богати со витамин Ц, но и со глутатион, супстанца која телото ја произведува за да се ослободи од токсините. Можете да јадете свежи домати или да направите сок, кој исто така може да се купи.
Чај од камилица
Доколку сакате да ги смирите надуеноста, грчевите и мачнините, посегнете по овој чај. Во шолјата додадете малку мед, кој е природен шеќер, а помага и при мамурлак.
Круши
Според истражувачите од CISRO, австралиска научно-истражувачка организација, крушите се лек за мамурлак. Утринскиот мамурлак се намалува за меѓу 16 и 21 отсто ако сокот од круша се пие пред вечерно излегување.
Спанаќ
Една од најдобрите намирници за мамурлак е спанаќот. Имено, содржи се што ви треба – фолна киселина, сулфур и витамин Ц – сите хранливи состојки кои го лечат мамурлакот.
Банани
Колку повеќе алкохол пиете, толку повеќе е дехидрирано вашето тело, а колку повеќе сте дехидрирани, толку повеќе вашето тело губи калиум. Недостатокот на калиум предизвикува чувство на замор, а може да се појават и симптоми како што се грчеви, повраќање и гадење.
Интегрален ориз
Кафеавиот ориз е уште еден одличен извор на јаглехидрати, а особено е богат со витамини Б и протеини.
Киселина од зелка (расол)
Расол е солена вода во која се кисели зелката. Освен што е познат како најдобар лек за мамурлак, тој делува и на варењето. Полн е со витамини, особено Ц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димовски во Германија на средба со менаџментот…
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…
Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…
Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…
Премиерот на Онтарио му се потсмева на…
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…
Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…
Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…
НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…