Објавено на:

ЕВРОПА ЈА ЧЕКААТ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ И НЕМИРИ: Висок претставник на ЕУ даде застрашувачки прогнози

t

Ова предвидување го даде заменик-шефот на Европската комисија, Франс Тимерманс, во интервју за „Гардијан“.

Европски функционер смета дека ЕУ мора да направи се за да го запре наглото поскапување на храната и енергијата. Ако не успее, Европа ќе се соочи со масовни протести и немири.

„Сега мораме да се погрижиме луѓето едноставно да не смрзнуваат во текот на претстојната зима“, вели Франс Тимерманс, пренесува „Спутник“.

„Во политиката сум доволно долго, повеќе од 30 години, за да разберам дека луѓето најмногу се загрижени за непосредната криза, а не за долгорочната криза. „И ако не се справиме со непосредната криза, сигурно ќе се соочиме со долгорочната криза“, рече тој.

Тимерманс рече дека целта му е да ја увери јавноста во ЕУ, најдоцна до 1 ноември, дека зимава нема да се соочат со криза во затоплувањето на домовите.

„Искрено верувам дека ако не можеме да ја дадеме таа гаранција, тогаш општеството е на раб, поради високите цени на енергијата, инфлацијата, цените на храната кои рапидно растат – поради оваа несигурност предизвикана од војна“, рече тој.

„Путин ги користи сите средства што му се на располагање за да предизвика конфликт во нашите општества, затоа мораме да се подготвиме за многу тежок период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…

Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…

Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…

Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…

Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Недостигот на дизел може да продолжи и…

Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…

Трифонов со навреди за Македонците за случајот…

„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива…