Едно лице е повредено во судир на автобус и мотоцикл
Едно лице е повредено откако се судриле автобус и мотоцикл, соопшти полицијата.
„На 25.04.2026 околу 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. „Бутелска“ и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје , се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.А.(58) од с.Шишево, скопско и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(23) од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, велат од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице е повредено во судир на…
Едно лице е повредено откако се судриле…
Мојсоска: Еден тендер за одржување на фонтани…
Еден тендер за одржување на фонтани во…
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и насади…
На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на…
Косовец уапсен во Скопје, со остар предмет…
Косовски државјанин е уапсен откако со остар…
ЈСП: Жичницата на Водно денеска нема да…
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информираше…