Едно лице е повредено во судир на автобус и мотоцикл

t

Едно лице е повредено откако се судриле автобус и мотоцикл, соопшти полицијата.

„На  25.04.2026 околу  07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. „Бутелска“ и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје , се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.А.(58) од с.Шишево, скопско и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(23) од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, велат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…