Објавено на:

Експлозија во близина на автомобил на бугарскиот главен обвинител!

t

Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков.

Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа. Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите.

Повредено е лице од обебзедувањето. Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.

Премиерот Галаб Донев утре ги свика во сите служби поради инцидентот со Гешев.

Иван Гешев бил во главното возило во колоната, не е повреден. Извори од истрагата посочија дека се пронајдени бројни парчиња шрапнели, што укажува дека се работи за силна експлозија, а не само за заплашување.

„Повредени нема. Ниту главниот обвинител, ниту неговата придружна екипа, ниту други граѓани учесници во сообраќајот. За случајот се подигнати сите потребни сили за да се спроведат мерките за расчистување на случајот. Формиран е штаб. Министерот Демерџиев е во постојан контакт со сите служби.Формираме штаб со сите служби на МВР кои се релевантни за случајот“, изјави главниот секретар на МВР Петар Тодроров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во регионот на експлозијата во…

Делумна вонредна состојба е прогласена во градот…

(Видео) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТ…

Експлодираа магацини за огномет меѓу Елин Пелин…

Европската комисија ја тужи Бугарија

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…