Експозитурите на Алта Банка АД Битола нема да работат од 2 ноември, одлуката е привремена
АЛТА банка АД Битола извести дека нејзините експозитури нема да работат од понеделник и тоа ќе биде привремено.
„Ве информираме дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.
Согласно одлуката на Народната банка, воведени се привремени заштитни мерки, со кои за физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на Банката.
Нагласуваме дека преземените мерки имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите.
За сите дополнителни информации и промени навремено ќе ве известуваме преку нашите официјални канали. Ви благодариме за разбирањето“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Банките по Нова година со зголемена каматна…
Банките се во финални анализи и пресметки…
Американските банки најголеми финансиери на руските “јаглеродни…
Банки од САД и од Обединетото Кралство…
Украина планира да ги тужи западните банки…
Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…
Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…
Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…
Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…
Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…