Енергетска криза во Европа: Испораката на Руски гас од Германија во Полска намален за 5 пати
Испораките на гас од Германија до Полска преку гасоводот Јамал-Европа се намалени повеќе од пет пати, покажуваат податоците на германскиот оператор за гас Гаскад.
Операторот на гас прецизира дека транзитот на гас вчера бил во опсег од 885-955 илјади кубни метри на час, со почетокот на новиот ден на гас индикаторот се намалил повеќе од пет пати.
Обратна испорака (што значи дека првобитниот потрошувач, откако доби гас, сега испорачува гас во спротивна насока) преку најзападната точка на гасоводот во Германија – Малнов, до Полска изнесуваа речиси 155 илјади кубни метри наутро.
Да потсетиме, испораките преку овој гасовод отидоа во обратен режим на 21 декември. Испораките од Германија во Полска продолжуваат со оглед на фактот дека Гаспром не резервирал капацитети на гасоводот повеќе од две недели. Како што изјавија во руската компанија, причина за тоа е недоволната побарувачка.
Гасоводот Јамал-Европа, заедно со Северен тек 2 и системот за транспорт на гас на Украина, е една од главните рути за испорака на руски гас до европските земји. Транснационалниот гасовод Јамал-Европа минува низ териториите на четири земји – Русија, Белорусија, Полска и Германија. Проектниот капацитет на гасоводот е 33 милијарди кубни метри гас годишно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Убиен 15-годишник со нож во Германија, полицијата…
Германската полиција во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
Вајдел прогласи победа на покраинските избори: „АфД…
Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис…
Проди: Ако АфД ја преземе власта во…
Поранешниот италијански премиер и претседател на Европската…