Вајдел прогласи победа на покраинските избори: „АфД е новата народна партија, Мерц да поднесе оставка“
Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, прогласи политичка победа на нејзината партија по изборите во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија и побара германскиот канцелар Фридрих Мерц да поднесе оставка, пренесува Ројтерс.
„АфД е јасно новата народна партија во Германија. Ја надминавме ЦДУ и народот сака политички промени“, изјави Вајдел.
Таа вели дека ЦДУ со Мерц не може да продолжи по досегашниот начин на владеење и директно побара негова оставка.
„Фридрих Мерц мора да ги извлече последиците. Тој мора да го направи тоа за својата партија и за Германија“, изјави Вајдел.
На изборите во Мекленбург-Западна Померанија, АфД според првите проекции освои околу 37,7 отсто од гласовите, пред владејачката СПД со околу 35,5 отсто. ЦДУ на Мерц доживеа голем пад и се движи околу 5,2 отсто, што е нејзин најслаб резултат во оваа сојузна покраина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…